Мадрид

ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

Во училиштето за јазик е ангажиран тим на постојано вработен персонал кој зборува повеќе јазици и кој е задолжен за следење на работата на секој посетител на курсот одделно.

НАСТАВА

10, 20, 20+5 и 25+5 часа шпански јазик неделно (Semi-Intensive/Part time, Intensive, Intensive +, Super Intensive +). Часовите траат 55 мин. Курсевите се осмислени така што учењето на јазик е прилагодено на потребите на поединецот и неговото претходно познавање на јазикот и претставуваат идеална комбинација на учење, забава и одмор. Пред почетокот на курсот задолжително е тестирање и во зависност од знаењето на јазикот, учениците се распоредуваат по групи на следните нивоа: Beginner, Elementary, Pre-intermediate, Intermediate, Upper intermediate, Pre-advanced и Advanced. Групите имаат максимум 10 посетители, но најчесто се групи од 5-6 студенти. Целиот материјал за следење на наставата е обезбеден и вклучен во цената на курсот.По завршување на курсот, секој посетител добива соодветен сертификат.

СМЕСТУВАЊЕ

Посетителите на курсот по шпански јазик можат да бидат, според сопствен избор, сместени:

  • Во семејство: сместувањето е обезбедено во еднокреветни и двокреветни соби на база на полупансион. Во собите се сместени ученици, т.е. студенти од различна националност со цел што повеќе да се користи шпанскиот јазик.
  • Во студентски дом (интернат): Сместувањето е обезбедено во еднокреветни, двокреветни или трокреветни соби, во кои има кујна. Подетални информации за сместувањето за секоја дестинација може да се добијат во агенцијата Караван Травел.

ВОН-НАСТАВНИ АКТИВНОСТИ

Вон-наставни активности: По завршување на наставата, училиштето организира спортски и општествени активности за посетителите (спортски натпревари, скара, посета на културно-историските и другите интересни места во градот итн.).За овие активности се задолжени аниматори кои ја организираат и раководат со програмата со цел да се развие дружење на посетители и усовршување на шпанскиот јазик. Училиштето исто така организира и целодневни екскурзии, кои се изборни и дополнително се плаќаат.

МАДРИД

Мадрид е главен град на Шпанија со околу 5 милиони жители и по своите природни убавини е еден од водечките градови во Европа. Сместен е на брегот на реката Manzanares и му припаѓа на историскиот предел Кастиља. Покрај историското и културното богатство, Мадрид нуди и добар ноќен живот и забава за младите луѓе.

Училиште:Училиштето Enforex во Мадрид го посетуваат студенти од сите возрасти и од различни краеви на светот. Се наоѓа во центарот на градот на 5 мин. одење од Plaza de Espana. Неодамна е реновирано, има 40 училници со аудио-визуелна опрема, големи студентски простории, компјутерска лабораторија со 20 компјутери со безжичен интернет, како и добро опремена библиотека и видео библиотека.