Малта

ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

Во училиштето за јазик е ангажиран тим на постојано вработен персонал кој зборува повеќе јазици и кој е задолжен за следење на работата на секој посетител на курсот одделно, почнувајќи од директорот на училиштето, Accommodation Manager-задолжен за сместување, професори, Academic Counselor-лице задолжено за следење на напредокот на секој ученик, Activities Director- лице задолжено за организирање на општествените, културните и спортските активности на посетителите на курсот.

НАСТАВА

20 односно 30 часа англиски јазик неделно (Стандард одн. Интензивен курс).Часовите траат 45 мин. Курсевите се осмислени така да учењето е прилагодено на потребите на поединецот и неговото претходно познавање на јазик и претставуваат идеална комбинација на учење, забава и одмор. Пред почетокот на курсот задолжително е тестирање и во зависност од знаењето на јазикот, учениците се распоредуваат по групи на следните нивоа: Beginner, Elementary, Pre-intermediate, Intermediate, Upper intermediate, Pre-advanced и Advanced. Часовите се одржуваат од понеделник до петок, а за викенд и празници нема настава. Целиот материјал за следење на наставата училиштето ви го дава на користење додека трае курсот и вклучен е во цената. По завршување на курсот, секој посетител добива соодветен сертификат.

СМЕСТУВАЊЕ

Посетителите на курсот по англиски јазик можат да бидат, според сопствен избор, сместени:

  • Во семејство: сместувањето е обезбедено во двокреветни соби на база на полупансион од понеделник до петок, односно на база на полн пансион во деновите на викендот. Во собите се сместени ученици, т.е. студенти од различна националност со цел англискиот јазик што повеќе да се користи. Со доплата, можно е сместување и во еднокреветни соби.
  • Во студентски интернат: Сместувањето е обезбедено во еднокреветни, двокреветни, трокреветни односно повеќекреветни соби. Исхраната е најчесто на база на self catering (самопослужување) со користење на заедничка кујна. Подетални информации за сместувањето за секоја дестинација можат да се добијат во агенцијата Наром Травел.

ВОН-НАСТАВНИ АКТИВНОСТИ

Вон-наставни активности: По завршување на наставата, училиштето организира спортски и општествени активности за посетителите (спортски натпревари, скара, посета на културно-историските и другите интересни места во градот итн.). За овие активности задолжени се аниматори кои ја организираат и раководат со програмата, со цел да се овозможи дружење на посетителите и усовршување на германскиот јазик.Училиштето исто така организира и целодневни екскурзии, кои се изборни и дополнително се плаќаат.

МАЛТА

Малта, прекрасниот остров во Средоземното море, е сместен меѓу бреговите на Сицилија и Северна Африка. Со сонце во текот на целата година и со пејсажот на Северна Африка, Малта е идеално место за учење на англиски јазик без оглед на годишното време. Климата е типично медитеранска со благи зими и многу топли лета. Студентите од целиот свет го комбинираат летувањето со учењето на јазик.

Малта има различни култури и најголема улога во историјата од било кој друг остров. Во 1814 г. Малта стана британска колонија, а независност стекна во 1964 г. Англискиот јазик е официјален јазик на Малта. На овој медитерански остров можно е да се пронајде сe: античка историја, чисто море, возбудлив ноќен живот, тренди продавници.

Училиште: Во тек на цела година, училиштето е полно и е едно од најомилените дестинации на студентите бидејќи покрај добро организираниот училишен програм нуди и бројни вон-наставни активности. Училиштето се наоѓа во најтивкиот дел од Ст. Џулијан заедно со студентскиот станбен комплекс во состав на кој се наоѓа и еден од најубавите базени на островот. Училиштето има 23 училници со аудио-визуелни помагала.